* кликни на црвените икони(маркери) на мапата
Рецептот на неделата
10 најважни состојки при подготвување на оброците и ужинките
1. Банана
Бананите се особено хранливи и заради тоа одличен извор на енергија.Се препорачуваат меѓу првите состојки кои се додаваат во исхраната на бебињата,покрај мајчиното млеко.
2. Кељ
Богат е со железо,заради тоа се препорачува кај слабокрвни деца.Богат е и со антиоксиданси.
3. Морков
Морковот е богат извор на витамин А и е особено важен за растењето,коските,забите и кожата.Најголемо количество на витамини и хранливи состојки има во свежиот морков,но кај бебињата во почетокот,се препорачува е кратко варениот морков,за да не му пречи на стомачето.
4. Риба
Рибата е основен извор на есенцијалните омега 3 масни киселини.Се препорачува откако бебето ќе наполни една година и барем еднаш во неделата да се конзумира.
5. Млеко
Млекото и млечните производи содржат поголем дел од состојките кои му се потребни на секое бебе и дете за правилен развој.
6. Сирење
Сирењето се препорачува особено по оброците,бидејќи ја неутрализира киселината која се лачи во устата за време на јадењето и на тој начин помага во спречување на појавата на кариес.
7.Леб и житарици
Лебот и житариците се богат извор на влкнести материи и јагленохидрати,како и на витаминот В.Се препорачуваат но не во преголеми количини.
8. Јајце
Јајцето е богато со протеини,железо и витамини.Во исхраната се препорачува да се воведе откако бебето ќе наполни една годинка,за да се спречи појава на алергија.
9.Месо
Посното црвено месо е богато со протеини,железо и цинк.Заради тоа се препорачува за силен имунитет,при заздравување на организмот по болест.
10. Киви
Кивите се најбогат извор на витаминот С,но и богат извор на други витамини како витамин А,витамин В и минерали.Се препорачува,какои јајцет,откако бебето ќе наполни една година.
downloads
Објавено на 2007-12-11 08:27:36
Игра за старо и младо, родители и деца, можеби најдобрата логичка игра моментално.Нема што повеќе да се каже, симнете, играјте и уживајте..
кликнете овде*напомена :
ниту еден од фајловите што се на располагање за симнување не се наоѓаат на нашиот сервер, sezabebe.com едноставно ве поврзува со серверот каде што се наоѓаат


















